За светскиот ден на поезијата Митко Гогов ќе гостува во Романија

159

Со две поетски читања на 21 и 22 март во градовите Букурешт и Галати, македонскиот поет Митко Гогов ќе настапи во интернационалната програма која е дел од настанот посветен на Светскиот ден на поезијата.

На одбележувањето на Светскиот ден на поезијата  освен Гогов од Македонија ќе учествуваат и Евелина Митева од Бугарија и Том Едвард Филипс од Велика Британија.

Гогов е концептуален уметник, поет и граѓански активист роден 1983-та година во Скопје, Македонија. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter.

Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, USA, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија… Актуелен со неговата стихозбирка Ледена вода издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...