Спектакуларни огномети во Њујорк, Париз, на Копакабана

181

Со спектакуларни огномети во главните градови светот синоќа ја дочека новата 2019 година.

Десетици илјади луѓе се собраа на Тајмс Сквер во Њујорк за да го проследат традиционалното спуштање на кристалната топка. Настанот годинава беше во знакот на слободата на говорот и медиумите.

Заради безбедносни причини, полицијата во Њујорк користеше дронови за набљудување на насобраниот народ.

Во Бразил, пак, огнометите, по традиција ја осветлија познатата плажа Копакабана, каде се собраа и голем број туристи.

Во Париз главно место на собирот беше Шанз-Елизе од каде се гледаше огнометот над Триумфалната порта. Покрај прославата, имаше и лица што протестираа, како реакција на понеделничкиот говор на претседателот Емануел Макрон кој во јавното обраќање се согласи дека владата „може да придонесе повеќе“ за да се подобри економската состојба.

Илјадници луѓе од целиот свет ја започнаа 2019 година со огромна улична забава во германската престолнина. Берлин ја поздрави Новата година со огномет над Бранденбуршката порта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...