Нападот со нож при што синоќа се повредени три лица во Манчестер се води како истрага за тероризам, соопшти денеска британската полиција.
– Ова го третираме како истрага за тероризам – изјави полицискиот претставник Иан Хопкинс.
За време на новогодишната ноќ на станицата Викторија избодени се еден маж, една жена и еден полицаец.
Напаѓачот веднаш е уапсен.