Порториканскиот пејач и актер Рики Мартин објави на Инстаграм дека добил трето дете, ќерката Лусија.
Мартин на Инстаграм објави фотографија од раката на бебето, наведувајќи дека неговиот сопруг, арапскиот уметник Џван Јосег и 10-годишните близнаци „се вљубени во Лусија“.
„Пресреќни сме што станавме родители на преубаво и здраво девојче Лусија Мартин Јосеф. Ова се посебни моменти за нас и со нетрпение чекаме да видиме каде ќе не однесе оваа преубаво бебе. Сите сме вљубени во неа и нејзините прекрасни браќа и Џван и јас“, напиша Мартин.
Тој минатата година беше номиниран за наградата Еми за споредна улога во серијата „Америкнска крими приказна: Убиствтото на Џани Версаче“.