Новата 2019 година стаса на Самоа и Нов Зеланд со голем огномет

181

Тихоокеанската островска држава Самоа е првата во светот, која со голем огномет во главниот град Апиа, зачекори во 2019 година, а еден час по неа, Новата Година ја прославија и во Нов Зеланд.

Жителите на Оукленд, Нов Зеланд, уживаа во традиционалниот огномет од Скај Тауер.

Во Сиднеј, Австралија, се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе на бреговите на простаништата од каде ќе го следат спектакулраниот огномет. Организаторите наведуваат дека тоа ќе биде најголема прослава до сега и оти 12-минутниот огномет чини шест милиони австралиски долари.

Во Јапонија ѕвоната на будистичките храмови ќе се огласат 108 пати, што го претставува бројот на земските искушенија кое една личност треба да ги надмине за да постигне нирвана, а со цел да се испрати старата и дочека Новата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...