Во Англија откриен досега непознат вид диносауруси со „кучешки заби“

65

Во Велика Британија, поточно во англиската област Оксфордшир, откриен е досега непознат вид диносауруси – објави списанието „Акта Палаентологика Полника“.

Научници од Универзитетот Портсмут откриле остатоци на своевиден „летечки гуштер“, вид кој го доби називот „Клобиодон рочеј“ (Klobiodon rochei). Според сознанијата, овие диносауруси живееле на Земјата пред околу 167 милиони години. Распонот на крилјата им бил два метра.

Уникатната структура на забите укажува дека се работи за посебен вид. Имено, за разлика од многу други видови птеросауруси кои немале заби, овој имал „кучешки заби“ долги околу 2,6 сантиметри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...