Актерот Венсан Касел (51) наскоро повторно ќе стане татко. По разводот од актерката Моника Белучи, Венсан се венчаше со манекенката Тина Кунаки (21), која сега е бремена.
Двојката се венчаше во август годинава во Франција, а на венчавката присуствувале малку луѓе.
Странските медиуми сега тврдат дека Тина е бремена и дека парот ќе го добие своето прво дете.
Оваа информација стана актуелна откако Тина ја фотографирале на аеродром.
Ова му е втор брак на Венсан, кој со манекенката бил две години заедно пред да се венчаат.
Со актерката Моника Белучи бил во брак 14 години, а се развеле во 2013-та година. Моника тогаш откри дека таа и Венсан веќе 5 години не живееле заедно.
Се запознале на снимањето на филмот „L’appartement“ во 1995-та година, а во брак стапиле во 1999-та година. Во бракот ги имаат ќерките Дева (14) и Леона (8).
(ФОТО: Инстаграм)