Спасувачки хеликоптер падна во Обединетите Арапски Емирати откако се закачи на кабел од жичарница, а сите четири члена на посадата загинаа.
Како што јави локалниот весник „National”, несреќата се случила во планините недалеку од градот Рас Ал Камаја.
Директорот на цивилното воздухопловство на ОАЕ соопшти дека хеликоптерот „Agusta 139” бил на мисија кога се случила несреќата, околу 17.50 часот по локално време.
Шеикот Сауд бин Сакр Ал Касими нареди темелна истрага за несреќата.