Поминаа две години откако почина Џорџ Мајкл, на Божик 2016 година, но имотот што го остави зад себе сѐ уште ги поддржува неговите блиски и оние што му значеле. Според повеќе добротворни организации, и покрај смртта на пејачот, донациите на Џорџ Мајкл продолжуваат да течат.
Важни добротворни организации
Неодамна две добротворни организации, „Чајлдлајн“ советничка служба за британската младина и проектот „Ангел фуд“ од Лос Анџелес, кој обезбедува оброци на оние што се погодени од ХИВ и други сериозни болести, добија постхумна донација од Џорџ Мајкл.
Проектот „Ангел Фуд“ соопшти дека и покрај големите донации од Џорџ Мајкл секоја година од 1993 (годината кога Анселмо Фелепа, партнерот на поп-иконата, почина од компликации од ХИВ), донациите прекинале по смртта на Мајкл во 2016 година. Но сега повторно почнале да доаѓаат, изјавил претставник на организацијата за „Мирор“.
– Како гром од ведро небо Џорџ донираше на „Чајлдлајн“. Тоа многу ни значи – рекол претставник од организацијата „Чајлдлајн“.
Сѐ уште без надгробна плоча
И покрај великодушноста на пејачот за време не неговиот живот, но и по смртта, тој сѐ уште нема надгробна плоча, што ги разгневува неговите обожаватели. Мајкл е погребан на гробиштата Хајгејт во Лондон три месеци по неговата смрт и се наоѓа веднаш до мајка си, но неговиот гроб сѐ уште нема плоча.
Според управата на гробиштата, најдобро е да се почека една година пред да се подигне надгробна плоча за да не би имало поправки во иднина.
Но немањето надгробна плоча не ги спречува обожавателите на Мајкл да му оддадат почит на својот омилен музичар.
Многу од нив самоиницијативно оставаат цвеќиња и свеќи пред вратата на неговиот дом во Лондон, Англија.