Јункер: ЕУ не се обидува да ја задржи Велика Британија

Тој додаде дека ЕУ е подготвена за нов договор со Велика Британија веднаш штом Парламентот во Лондон ќе го одобри договорот за напуштање на блокот.

73

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Брисел не се обидва да ја задржи Британија во ЕУ и сака да почне да разгледува идни врски веднаш откако британскиот Парламент ќе го одобри брегзит.Тоа ќе го направи за да се фокусира на сопственото единство пред изборите во мај.

– Се тврди дека наша цел е да ја задржиме Велика Британија во ЕУ со сите можни средства. Немаме таква намера. Се штои сакаме е јасни наши идни односи – вели Јункер во интервју за Велт ам зонтаг.

Тој додаде дека ЕУ е подготвена за нов договор со Велика Британија веднаш штом Парламентот во Лондон ќе го одобри договорот за напуштање на блокот. Јункер упати повик до Лондон да се мобилизира и „потоа да ни каже што навистина сака“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...