Рускиот претседател Владимир Путин испрати денеска новогодишна порака до американскиот колега Доналд Трамп, нагласувајќи дека Москва е подготвена за дијалог за „широк спектар теми“. Путин го истакнува значењето на руско-американските односи како најважен фактор за гарантирање стратешка стабилност и меѓународна безбедност.
Путин во одвоено новогодишно писмо до сирискиот претседател Башар Асад вети дека ќе продолжи да дава помош на сириската влада и на народот во борбата против тероризмот.
Путин испратил и новогодишни пораки до други светски лидери меѓу кои кинескиот претседател Си Џинпинг, британската премиерка Тереза Меј и јапонскиот премиер Шинзо Абе.