Американските царини за челикот нема да влијаат на неговата цена

Во анализата се потсетува дека против американските царини најмногу се побунија претставниците на Канада, Европската унија, Мексико, Јужна Кореја и Бразил, односно земјите кои се најголеми извозници на челик и алуминиум во САД.

131

Крајните потрошувачи не купуваат сиров челик и алуминиум, и тие метали се само мал дел од трошоците за производство на повеќе производи, затоа нема да дојде до голем бран поскапувања на производите во САД, оценува брокерската куќа „Адмирал Маркетс“.

Според некои проценки, пакување од шест пива ќе поскапи само еден цент, додека просечен автомобил ќе поскапи за 45 долари, се наведува во анализата на брокерската куќа „Адмирал Маркетс“ за можните последици од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увоз на челик (25 отсто) и алуминиум (10 отсто).

Во анализата се потсетува дека против американските царини најмногу се побунија претставниците на Канада, Европската унија, Мексико, Јужна Кореја и Бразил, односно земјите кои се најголеми извозници на челик и алуминиум во САД.

Подоцна Трамп од тие царини ги одзема Канада и Мексико, па најголем губитник на нововоедените тарифи излезе ЕУ, поради што претседателот наа Европската комисија Жан-Клод Јункер најави дека Брисел ќе одговори со исти мерки на увоз на џинсот „Леви’с“,„Харли Дејвидсон“ и слично.

Трамп веднаш потоа се закани дека во тој случај ќе воведе царини на увоз на европски автомобили, што значи дека почнува нова трговска војна, сметаат во „Адмирал Маректс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...