Ердоган: Турција е против поделба на Сирија, утре состанок во Москва

114
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, денеска во Истанбул порача дека „работата на Турција во Сирија ќе заврши кога сите терористички организации ќе ја напуштат земјата“, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган повтори дека Турција е против поделба на Сирија.

Говорејќи за ситуацијата во Манбиџ, во северниот дел на Сирија, за кој режимските сили тврдат дека влегле откако ги повикале таканаречените раководители на курдската милиција ЈПГ, Ердоган рече дека повеќе се работи за своевидна „психолошка акција“.

Тој истакна дека делегација на Турција предводена од министерот за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, утре ќе престојува во Москва, каде што ќе се водат разговори за Сирија.

Тој најави нови разговори за Сирија и со рускиот претседател Владимир Путин.

Во врска со одлуката на Врховниот суд на Пакистан со која ФЕТО во оваа земја е прогласена за терористичка организација, а училиштата поврзани со таа терористичка мрежа се ставени под надлежност на Фондацијата „Маариф“, Ердоган рече дека слични чекори би можеле да се случат и во други земји.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...