Заложниците, кои беа задржани при денешниот обид за грабеж на филијала на „Уникредит“ банка во чешкиот град Прибрам, се ослободени, изјави портпаролката на полицијата Моника Шиндлова.
– Заложниците во „Уникредит“ банка во градот Прибрам се ослободени како резултат на успешно спроведената полициска операција. Нема повредени лица – посочи Шиндолова.
Вооружен маж денеска влезе во филијалата на „Уникредит“ банка во Прибрам и првично зеде девет заложници, за подоцна да ослободи еден од нив.
Напаѓачот е роден 1990 година и носел пиштол.
Прибрам се наоѓа на 60 километри југозападно од главниот град на Чешка, Прага.