Харадинај: Ќе ставиме крај на хаосот со игрите на среќа

149

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека состојбата во индустријата на игри со среќа во земјата е хаотична и дека ќе бидат преземни мерки за нејзино средување, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај по денешната седница на Владата најави дека набргу ќе се воспостави законска основа за решавање на проблемите во таа област, а за почеток надлежните ресори изготвуваат концепт-документ.

– Наша цел е да воведеме некаков ред со тие места за игри на среќа, бидејќи веќе е претерано со нив, станаа како печурки кои никнуваат насекаде низ Косово. Има случаи на криминал, самоубиства и проблеми и не можеме да дозволиме веќе да продолжи така – изјави Харадинај.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...