Доделени концесии за рекреативен риболов за шест акумулцации

Владата на годинава донесе Одлуки за започнување на три постапки за доделување концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов во кој беа опфатени 47 риболовни води од кои 28 реки и 19 акумулации.

115

Акумулациите Стрежево, Козјак, Мантово, Паљурци, Мавровица и Глобочица добија концесионери. Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ги потпиша договорите за доделување концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов во овие акумулации.

Овие договори се дел од трите постапки за доделување на риболовни концесии кои беа донесени со одлука на Влада. Во оваа постапка беа опфатени 19 риболовни води, односно шест риболовни ревири и 13 рекреативни зони.

Владата на годинава донесе Одлуки за започнување на три постапки за доделување концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов во кој беа опфатени 47 риболовни води од кои 28 реки и 19 акумулации.

Од нив, во првата постапка беа опфатени 17 риболовни реки и три акумулации, за кои што во јуни годинава се склучија 14 договори. Со втората постапка се опфатени 19 риболовни води, од кои денеска се потпишаа шест договори за акумулации.

Третата и последна постапка е во тек и во истата се опфатени 10 риболовни води. Во оваа постапка се концесиите за вршење на стопански риболов на двете риболовни подрачја Охридско Езеро и Дојранско Езеро, за што до крајот на месец јануари следната година се очекува да склучат договорите.

Јавното отворање на понудите од третата постапка беше на 24 овој месец.

По евалуацијата на понудите ќе се поканат сите понудувачи кои имаат доставено комплетни и прифатливи понуди да учествуваат на електронска аукција. Критериумот за избор и на оваа постапка како и не предходните две е највисокиот понуден концесиски надоместок.

По завршувањето на оваа постапка, следната година се предвидува започнување на нова постапка со која што ќе се опфатат сите риболовни води за кои во постапките од 2018 година немаше заинтересирани понудувачи или немаше доставено прифатливи понуди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...