И ги скршил нозете оти имала змиски чорапи

721

Жена од Австралија купила секси чорапи како би ја заскокоткала имагинацијата на својот сопруг, но кога тој ја видел се уплашил и помислил дека му прети голема опасност.

Чорапите имале змиска шара, па тој помислил дека во креветот покрај неговата жена се наоѓаат две змии отровници.

Во истиот момент, сакајќи да ја одбрани својата сопруга, зел безбол палка и почнал да ги удира „змиите“, т.е. нејзините нозе.

Кога сфатил дека „змиите“ се всушност нозете на својата сопруга веќе било касно. Тој и ги скршил на неколку места.

Како што се наведува во извештајот, несреќната жена моментално се опоравува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...