При ископувања на самиот песочен брег кај Стоун Харбор во Њу Џерси изминатиот викенд се појавија остатоци од брод, долги околу осум метри, за кој се верува дека е од 1886 година.
Историчарите сметаат дека веројатно се работи за товарниот брод „Д.Х. Инграм“, за кој се верува дека се запалил и потонал токму во 1886 година во тој предел. Историјата говори дека пет членови на екипажот се спасиле.
Бродските остатоци не се невообичаена појава за брегот на Њу Џерси.
ФОТО: МИА