Светската банка денеска ја презентира Систематската дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) – Постигнување посветла иднина за сите.
Станува збор за анализа во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по осамостојувањето, односно се проценуваат како пречките така и можностите за сеопфатен и одржлив раст и се утврдуваат приоритетите на јавните политики за поддршка на развојот на земјата.
Извештајот ќе го претстават и презентираат Линда Ван Гелдер, регионален директор за земјите од Западен Балкан при Светска банка, Марко Хернандез, програмски лидер на секторот за макроекономија, трговија и инвестиции ико-автор на извештајот и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели.