Се чека ред за да се купи подарок за бегалец

Продавницата е на здружението за помош на бегалците „Хелп рефјуџис“, а таму можат да се купат работи неопходни за мигрантите, како што се вреќи за спиење, ќебиња и соларни лампи, објави „Гардијан“.

136

И покрај студеното време, се создаде голема гужва пред продавницата на „Чуз Лав“ (Choose Love) во Лондон, но купувачите не бараа попусти во рамки на Црниот петок, туку чекаа во ред за да купат подарок за бегалците.

Продавницата е на здружението за помош на бегалците „Хелп рефјуџис“, а таму можат да се купат работи неопходни за мигрантите, како што се вреќи за спиење, ќебиња и соларни лампи, објави „Гардијан“.

– Кога ќе ја погледнете статистиката колку пари се трошат за Блек фрајдеј (Black Friday) и го споредите тоа со потребите во светот, тоа е навистина шокантно, вели шефот на здружението Хелп рефјуџис, кој појаснува дека со продавницата за мигранти сакале да покажат поинаков поглед на конзумеризмот и на Црниот петок.

продавницата е поделена на три секции, а секоја од нив се однесува на различни фази од бегалските патешествија: преживување, засолниште и иднина.

Освен предмети, купувачите на мигрантите можат да им понудат и правна помош или помош за обединување со други членови на семсјството и слично.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...