80 отсто од луѓето би раскинале ако партнерот не им го сака кучето

424

Доколку се вљубите во некого, подобро е да го засакате и неговото/нејзиното куче, оти, во спротивно, голема е веројатноста врската да не успее, посочува истражуање на компанијата за шетање кучиња „Вег“.

Според анкетата, 86 отсто од сопствениците на кучиња би му раскинале на партнерот ако тој/таа не го сака миленичето.

– За нас во „Вег“ воопшто не е изненадување тоа дека оние кои чуваат кучиња ги ставаат нив на прво место, пред луѓето и дека тоа е важен фактор во нивниот љубовен живот – изјави директорка на компанијата Хилари Шнајдер.

Во таа смисла, несогласувањето околу кучињата е побитно отколку она за модата или за тоа дали да се имаат деца или не.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...