700 млади вклучени во проектот „Гаранција за млади“

За 640 од нив, направен е индивидуален план за вработување, 220 веќе биле вклучени во други услуги за вработување како што се: мотивациски обуки, обуки за барање работа, професионална ориентација и кариерно советување.

151

Близу 700 млади на возраст од 15-29 години се вклучиле во пилот проектот „Гранација за млади’ кој се реализира во општините гостивар и Струмица и во Град Скопје, информира Министерството за труд и социјална политика.

-За 640 од нив, направен е индивидуален план за вработување, 220 веќе биле вклучени во други услуги за вработување како што се: мотивациски обуки, обуки за барање работа, професионална ориентација и кариерно советување. Од пријавените, 123 млади лица веќе се во работен однос, а од останатите 60 отсто аплицирале за некои од програмите/ мерките за вработување како на пример: 59 во Програмата самовработување со грант, 86 во Програмата за субвенционирање на плати, 73 во Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, 73 во Практикантство и сл.- информираат од Министерството за труд и социјална политика.

По анализата на постигнатото во пилот фазата, проектот ќе се имплементира во зелата земја.

Проектот „Гаранциоја за млади“ има за цел на млади лица од 15 до 29 години, во период од четири месеци, да им обезбеди шанса за вработување, континуирано образование и обука или практикантство.

Гаранцијата за млади е проект на Владата со цел да се изгради системски пристап во решавањето на проблемот со невработеноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...