Италијанската полиција заплени пет тони марихуана пристигната од Албанија, а во акцијата која била спроведена во повеќе градови, уапсени се 35 лица, од кои повеќето албански државјани.
Детали за акцијата ќе бидат соопштени на прес-конференција на Обвинителството во Катаџаро.
Во меѓувреме, грчката полиција од Игуменца во заедничка акција со крајбрежна патрола, заплени 424 килограми марихуана и уапси 42- годишен албански државјанин.
Дрогата била натоварена на моторен чамец, кој испловил од албанскиот брег и бил забележан кај Платарјас.