Руското министерство за одбрана распиша конкурс за избор на име на новото руско оружје. Граѓаните може да предлагаат имиња за новиот подводен дрон, нуклеарниот проектил со неограничен распон, како и за борбеното ласерско оружје.
Тие беа претставени од рускиот претседател Владимир Путин, но се уште немаат имиња.
На социјалните мрежи се појавија некои креативни предлози. Мери Бурџ од Алабама предлага оружјето да се вика по американскиот претседател, објаснувајќи дека „Трамп“ е пригодно име бидејќи е портокалово и уништува се што ќе дојде во контакт со него. Таа сепак не назначува за кое од трите системи се однесува овој предлог.
Најмногу внимание предизвика предлогот „Градите на Меланија“, алудирајќи на првата дама на САД, Меланија Трамп. Автор на тој предлог е Даглас Хигинс, кој вели дека предлогот е едноставен, бидејќи тие се лажни.
Еден од корисниците предлага име „Колумбо“, бидејќи тој ја открил Америка, тој треба и да ја изгаси.
Помеѓу предлозите се среќаваат и „Мејловите на Хилари“, „Американски Сон“, како и „Тишина“.