50 години по запознавањето на Вудсток, брачната двојка ја најде својата заедничка фотографија

Оваа година се одбележаа 50 години од почетокот на Вудсток и на интернет се појавија бројни фоторафии и снимки од овој култен настан, а меѓу нив и фотографијата на Џуди и Џери Грифин која се нашла во трејлерот за филмот „Вудсток“ – три дена кои дефинираа една генерација“.

3960

Речиси пет децении Џуди и Џери Грифин им ја прераскажуваат на семејството и пријателите својата неверојатна приказна за тоа како се запознале на Вудсток и како нивната љубов од тогаш трае со ист интензитет. Единствената лоша работа во сето тоа била тоа што немаат физички доказ дека биле заедно на славниот фестивал – сѐ до неодамна.

Џуди го запознала Џери на 15.август 1969. година – првиот ден од култниот фестивал Вудсток – кога автомобилот ѝ се расипал на њујоршкиот мост Tappan Zee околу 150 километри од Бетел кадешто се одржувале концертите. Бидејќи не доаѓало предвид да го пропуштат фестивалот, таа и нејзините другарки одлучиле да стопираат. Така се случила судбоносната средба.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...