5 месеци од самоубиството на белградската манекенка: Нејзината мајка упати силна порака

Нејзината мајка, новинарката Ан Мари Чуриќ, собрала сили и по пет месеци од несреќата проговори за семејната трагедија.

422

Марија Чуриќ, која пред точно пет месеци се самоуби во изнајмениот стан, ги шокираше сите во регионот. Марија беше позната водителка и манекенка од Србија, а сите ја знаеле како позитивна и ведра девојка, пишува „Телеграф.рс“.

Нејзината мајка, новинарката Ан Мари Чуриќ, собрала сили и по пет месеци од несреќата проговори за семејната трагедија, со цел општеството повеќе да обрне внимание на менталното здравје на децата и на родителите, односно возрасните.

– Како по таа трагедија човек да продолжи напред? Пред сè, продолжувам да го славам животот без разлика дали нашите најблиски се тука или не. Да славите живот за оние на кои им значите и да се обидете да помогнете на оние кои им е потребна помош е најважно. Не смееме да заборавиме дека живееме во општество во кое за емоциите не се зборува, особено за негативните емоции. Не е проблем да кажете дека ве боли глава, но малку веројатно е дека некој ќе ви каже дека сте мрзливи и да се фатите за лопата да сработите нешто и дека така ќе ви пројде главата. Никој нас не нè учи да ги препознаеме сопствените емоции. Срамота е да се зборува дека не сме добро, бидејќи луѓето веднаш ќе ви стават некоја етикета – рекла Ан Мари.

„Денеска се навршуваат пет месеци откако нашата ќерка Марија си го одзеде животот во 25-тата година иако имаше не само поддршка туку и љубов и разбирање и семејство, иако во нашето семејство тоа не беше табу тема. Не смеат да се генерализираат работите, дека секој случај е приказна за себе и дека не смееме така лесно да етикетираме“, додала мајката на трагично настраданата манекенка.

– Суштината е дека треба да научиме да препознаваме и да зборуваме за емоциите какви и да се, тоа е тема за која треба да се разговара уште во градинка – порачала новинарката во емисијата „Утро со Јована и Срѓан.“

Foto: Instagram/__chocomuffin__, Facebook/ Anne Marie Alves Curcic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...