44.940 работници добиле зголеменa платa, државата ги покри придонесите

Владата за мерката субвенционирање на придонесите за зголемени плати издвои 3,4 милијарди денари, со обврска да ги зголеми средствата, ако бројката на работници кои добиле повисоки плати е поголема.

364

За еден месец од примената мерката за субвенционирање на придонесите 44.940 вработени или 9 отсто од вкупниот број работници во приватниот сектор добиле зголемување на плата.

– На овие работници просечно платите им се зголемени за 4.100 денари. Само за еден месец сме резлизирале половина од 20 отсто на зголемени плати – рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната прес конфернеција на која беа презентирани резултатите од субвенцијата на придонеси.

Таа очекува до февруари идната година да се исполнат очекувањата 20 отсто од враобтените во реалниот сектор да ја зголемат платата на работниците.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска рече дека мерката ги дала очекуваните резултати.

– Мерката за октомври ја користеле 422 работодавачи за 6.584 лица. За нив се исплатени субвенции во износ од 6,47 милиони денари. За ноември мерката ја користеле 7.613 работодавачи за 44.940 лица за што им се покриени придонеси во износ од 77. 573 милиони денари – рече Лукаревска.

Претседателот на Организацијата на работодавачите Ангел Димитров ги повика работодавачите да го пријават зголемувањето на платитата на работниците.

– Ги охрабрувам работодавачите да го пријават зголемувањето на платите на работниците. Не треба да се плашат дека има задни или скриени обврски на работодавачите како во предходните закони – рече Димитров.

Тој им разјасни на работниците дека уплатените придонеси се уплаќаат директно во фондовите за здравство и пензиско осигурување.

– Работодавачите немаат мотив да ги бараат парите назад или да го прикриваат зголемувањето на платите на работниците, бидејќи тие не ги плаќаат придонесите. Секое барање од работниците да ги вратат парите е кривично дело и – рече Ангелов.

Тој, како што рече, очекува во наредниот период бројот на работници кои ќе добијат повисока плата да надмине 50.000 колку што е предвидено.

Министерката Царовска додеаде дека се зајакнуваат капацитетите на инспекторатот за труд и најави дека инспекторите ќе бидат поприсутни на терен со што се очекува да се намалат повреди на правата на работниците.

– Но работниците ќе треба да ги пријавуваат работодавците кои им ги бараат парите од зголемувањето на платата назад – рече Царовска.

Владата за мерката субвенционирање на придонесите за зголемени плати издвои 3,4 милијарди денари, со обврска да ги зголеми средствата, ако бројката на работници кои добиле повисоки плати е поголема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...