Анѓушев: Инвестираме во поздрава животна средина за подобар стандард на граѓаните (ВИДЕО)

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители. Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Финансиската вредност на проектот од 8,3 милиона евра, дел обезбеден од ЕУ и со 15% партиципација на Владата

192

Општина Кичево денеска  доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води, со што трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители. Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Финансиската вредност на проектот од 8,3 милиона евра, дел обезбеден од ЕУ и со 15% партиципација на Владата.

-Секогаш е добро кога нешто се прави соодветно на ЕУ стандардите, а ЕУ не носи само желба Македонија да биде дел од тоа семејство, туку со себе носи и стандарди за квалитет на животот на граѓаните, на индустријата и на секојдневието. Со оваа донацијата од Европската Унија и нејзините граѓани, ние имаме уште поголема обврска да достигнеме повисоки стандарди, критериуми и квалитет на живот и на нашите граѓани. Проектот значи голем исчекор во заштита на животната средина во регионот и со примена на ова иновативно решение стандардите на европскиот живот се пренесени тука – рече во своетот обраќање на вицепремиерот задолжен за економија Кочо Анѓушев.

Тој додаде дека Македонија за да биде комплетно покриени со пречистителни станици, треба да бидат направени 87 вкупно, ова е 16-ти успешен проект во рамките на ИПА.

На отворањето обраќање имаше шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар.
-Овој проект е дел од активностите финансирани од ЕУ за унапредување на инфраструктурата која овозможува заштита на животната средина согласно стандардите на ЕУ преку изградба на пречистителни станици за отпадни води. Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, ЕУ исто така работи заедно со државата на реформи во секторот води, со цел да се обезбедат одржливи услуги за водоснабдување на сите граѓани рече  Жбогар.
Реализацијата на проектот е во соработка со Секторот за ЕУ при Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...