Варшава и Охрид се поврзаа авионски

Првото слетување од Варшава на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е предвидено за попладне во 16.20 часот.

303

Авиолинија на релацијата Варшава – Охрид се воведува од денеска, во организација на тур-операторот „Rainbow“.

Првото слетување од Варшава на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е предвидено за попладне во 16.20 часот.

Најавени се обраќања на Јигит Лачин, аеродромски координатор на ТАВ Македонија, Јован Стојаноски, градоначалник на Охрид и Катажина Пташињска, конзул на Полска во Македонија.

На Охридскиот аеродром вчера пристигна и првиот авион на „Нордика“ со што стартуваше сезонската директна авионска линија од Талин.

Годинешната летна туристичка сезона на Охридско-струшката ривиера беше отворена на 15 април со првиот лет од Истанбул. Во мај почнаа да оперираат и авионите од Ајндховен, како и чартер летовите што веќе собраќат од Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, а тука се и трите редовни авионски линии до Базел, Цирих и Лондон.

Во првите пет месеци од годинава преку двата аеродрома во Македонија се превезени 822.678 патници, со пораст од 20 проценти на годишно ниво. Вкупно се реализирани 7.196 летови што исто така е зголемување од 17 отсто на годишно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...