Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, со цел одржување на самитот САД-Северна Кореја, откако Пјонгјанг се закани дека ќе се откаже.
Мун и Трамп размениле ставови за најновите реакции на Северна Кореја, и се договориле дека тесно ќе соработуваат со цел успешно одржување на самитот на Северна Кореја и САД кој е закажан за 12 јуни, как и за претстојниот самит Јужна Кореја-САД.
Трамп и Мун треба во вторник да се сретнат во Вашингтон, пред средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со американскиот претседател на 12 јуни во Сингапур.