Aрсовска: Обединет регионален пазар е наша иднина

Претседателкатана ССК, Арсовска, ја предводи бизнис делегацијата на Република Македонија која е најголема од земјите од Западен Балкан, со традиционално учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан.Таа е специјален гостин на Виенскиот економски форум под покровителство на бугарското претседателство на Советот на Европската Унија.

135

Потребно е искористување на достапните фондови за да изградиме силна економска мрежа со земјите од Западен Блакан, како обединет пазар кој ќе го зајакне регионот и ќе го приближи до ЕУ, изјави претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска во своето обраќање нa отворањето на Виенскиот економски форум.

Арсовска ја истакна важноста од спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија. Економскиот форум продолжува и денеска со учество на премиерите на државите од Западен Балкан.

– Спроведувањето на економските реформи во земјата со приоритет на регулаторната реформа, реформи на енергетскиот и транспортниот пазар, намалување на неформалната економија и функционирањето на пазарот како и доследност на политиките, владеење на правото за привлекување и задржување на инвеститорите се приритетите кои значат заедничка работа на сите важни чинители во општеството како клучни за постигнување економски раст, конкурентност и подобар животен стандард – изјави Арсовска.

Претседателкатана ССК, Арсовска, ја предводи бизнис делегацијата на Република Македонија која е најголема од земјите од Западен Балкан, со традиционално учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан.Таа е специјален гостин на Виенскиот економски форум под покровителство на бугарското претседателство на Советот на Европската Унија.

Самитот е еден од клучните настани за време на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија, кој ги поврзува сите 28 шефови на држави или влади на ЕУ со премиерите на Западен Балкан. Целта на Виенскиот економски форум е да изгради мост помеѓу бугарското претседателство на Советот на ЕУ и следното австриско претседателство со Европскиот совет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...