28 години зависност од СДСМ и ВМРО. Честито!

Најубото во утрешниот неработен ден е шо владата не ќе можи да прај глупости.

5360

10 дена без глупост од влада. Уште да имавме нормално здравство, образование, култура, инфраструктура, правен систем и плати, ќе беше ко во нормална држава да живееме.

***

Денес нема глупост од влада. Изгледа споиле со 8-ми септември.

***

Најубото во утрешниот неработен ден е шо владата не ќе можи да прај глупости.

***

Од ко е дојден Коста Петров, во СДСМ немаат направено глупост.

***

Прваче на времето:

– Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот…

– Една слика имаш и за таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал.

– Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си.

– Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е.

– Толку!

Прваче денес:

– Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката “Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам. Нормално, фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час.

– Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери.

– Албум на Фејсбук “Прв училишен ден на Максимилијан Лео” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв вклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максимилијан Лео до школо.

– Нема само туркање вода… Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани, каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, поп да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека успешно дишел и не умрел 5 години па сега тргнува на нешто шо е задолжително по закон.

***

Во Неготино за првиот ден на училиште туркаат само чаша, без вода.

***

Ако ми дадеш сега, за шест години и ние можеме да пуштаме албум на Фејсбук од прваче.

***

Зошто маче сељак, сакаш после да те повозам на Астон Мартинот?

***

– Како си?

– Ко влашка магија да ми имаат напраено.

***

Wake me up when кредитот ends.

***

„Татко ги оставил своите деца во автомобил и заминал на забава“.

И нашите не се поарни. Не остаја во Македонија.

 

(Избор од ФБ статуси од Божидар Божиновски алијас Мр Моџо Килингтон)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...