Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај годинава изнесувала 24 509 денари, и е за 7,1 отсто повисока од мај 2017-та, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (23,1 отсто), „финансиски дејности и дејности на осигурување“ (17,4 отсто) и „информации и комуникации“ (15,3 отсто).
Зголемување во однос на претходниот месец е регистрирано во секторите: „финансиски дејности и дејности на осигурување“ (19,2 отсто), „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (13,9 отсто) и „преработувачка индустрија“ (3,1 отсто).
Просечната месечна бруто-плата, пак, во мај 2018 изнесувала 35 983 денари.