23 мртви во експлозија во фабрика за керамика во Судан

39

Најмалку 23 лица погинаа, а 45 се повредени денеска во пожар што избувнал по експлозија на цистерна со гас во фабрика за керамика во Картум, главниот град на Судан, соопшти полицијата.

– Шестмина повредени се наоѓаат во критична состојба, изјави директорот на полицијата – бригадниот генерал Хасан Абдулах.

Британските медиуми, цитирајќи лекарски извори, наведуваат дека меѓу настраданите има работници од различни националности.

До експлозијата на цистерната дошло во текот на испораката на гас за фабриката, наведуваат очевидци, дополнувајќи дека експлозијата била толку силна што цистерната одлетала до блискиот плац.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...