Годината што изминува била најтоплата во Русија откога почнале метеоролошките мерења. Поради рекордните температури, московските власти одлучија да донесат снег за утрешната новогодишна прослава.
– Генерално гледано, оваа година во Русија беше најтопла откако постои следење со инструменти – изјави директорот на хидрометеоролошкиот центар Роман Вилфанд.
Според него, годишната просечна температура во Москва во 2019 година го урнала претходниот рекорд за дополнителни 0,3 Целзиусови степени.
Метеоролошко евидентирање во Русија постои од 1891, а во Москва од 1879 година.