2.500 натпреварувачи на светското првенство во латино, стандардни и модерни танци во „Борис Трајковски”

152
Повеќе од 2.500 натпреварувачи од 36 држави, меѓу кои седум од 15-те првопласирани танцови двојки, ќе настапат на Отвореното светско првенство во латино, стандардни и модерни танци  што викендов ќе се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски”.

Програмата почнува денеска во 8 часот, а вечерниот термин од 19 часот е резервиран за полуфинални и финални натпревари. Натпреварите утре почнуваат од 9 часот во големата сала, а во малата сала со почеток од 7 часот ќе се одржи тренинг танцов камп, како и меч анализи.

На овој натпревар, на кој ќе се  претстави светската танцова елита, завршниот збор ќе го дадат  светски познати судии од WDSF (World Dance Sport Federation) од повеќе од 26 држави.

Натпреварите ќе може да се следат и на лајвстрим канал на веб-страницата на Светската танцова федерација. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...