Хари Варешановиќ 10 години ја изневерувал сопругата со љубовницата

Во едно интервју, Варешановиќ признал дека бил премлад и неподготвен за улогата на татко, а речиси деценија подоцна во бракот со Аида го добил синот Дамир.

1812

Љубовниот живот на Хари Варешановиќ, фронтменот на популарната музичка група „Хари Мата Хари“, бил мошне интригантен во минатото, пишува српски „Блиц“.

Имено, на пејачот му се случила голема љубов во младоста со Аида, уште кога Хари имал само 19 години, па тие двајца стапиле во брак кон крајот на 1983 година.
Свадбената церемонија била интимна, без голема помпа, во кругот на пријателите, а две години се родила и ќерката Наѓа.

Во едно интервју, Варешановиќ признал дека бил премлад и неподготвен за улогата на татко, а речиси деценија подоцна во бракот со Аида го добил синот Дамир.

Меѓутоа, дури подоцна излезе на виделина дека пејачот во 1992 година го добил вонбрачниот син Мако, за кој и самиот дознал подоцна во животот, а тоа било само една од причините поради кои неговиот брак со Аида се распаднал.

Освен тоа, Варешановиќ отворено зборуваше дека својата втора сопруга Јасминка ја запознал уште во 1994 година и дека дури со неа сфатил што е вистинска љубов. Во интервјуто во 2006 година за „Пулс“, пејачот отворено зборува за природата на својот брак со Аида.

Во музиката влегов поради музика, а не поради придружните работи што ја следат. Никогаш немав проблеми со дрога, алкохол и коцкање. Единствено не се спасив од жените, а тоа е еден од нуспродуктите што одат со музиката, воедно и мојот најдраг порок. Со сопругата имав помали недоразбирања, и тоа ретко. Секогаш и’ велам: Кој ти е виновен, сама ме избра! Ти ме избра мене, а не јас тебе! Јас уште на 20 години бев дефиниран музичар и мојот пат се знаеше. Иако, во животот се’ може да се преброди и да се надмине. Со сопругата останав во компомисен брак, заради децата, истакна Хари тогаш, признавајќи дека веќе една деценија живее на релација Сараево-Минхен поради Јасминка, со која во 2010 година стапи во брак, откако се разведе со Аида.

Сè што беше пред неа го припишувам на младоста, на лудоста. Младите прават едно, средните години влечат кон нешто друго, изјави Хари пред неколку години за „Глорија“.

ФОТО: Фејсбук/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...