140 уметници го бојкотират шеесет и четвртото издание на Евросонг кое в година треба да се одржи во Израел.
Британски „Гардијан“ го објави отвореното писмо, потпишано од 140 музичари, писатели, актери, режисери, поети, во кое тие повикуваат на бојкот доколку фестивалот за избор на песна се одржи во Израел кој со години ги крши човековите права на палестинците.
Меѓу потписниците се наоѓаат и шестмина израелски уметници – Авиад Алберт, Михал Сапир, Охал Грицер, Јонатан Шапира, Даниел Равицки и Дејвид Оп.
„Ние, долупотпишаните уметници од Европа и светот, го поддржуваме апелот на нашите колеги од Палестина за бојкот на Евросонг 2019 чиј што домаќин е Израел,“ се вели во писмото.
„Се’ додека Палестина не може да ужива во слобода, правда и рамноправност, државата која им ги скратува овие права не смее да се однесува како да е се’ во ред,“ продожува апелот.
Роџер Вотерс, гитарист од еминентната рок-група „Пинк Флојд“, како и режисерот Кен Лок и авторот Јан Мартел, се дел од отвореното писмо.
Тие велат дека Европската радиодифузна унија треба да му забрани на Израел да биде домаќин на Евросонг, односно да назначи друга земја која нема историја на прекршување човекови права.