14-годишник се кандидира за гувернер на Вермонт

69

Еден од четирите демократи од Вермонт кои очекуваат партиска номинација за да влезат во трката за гувернер на државата се уште нема право да гласа, но, нема ни правна пречка да не се кандидира за споменатата позиција.

Четиринаесетгодишниот Итан Сонеборн од Бристол ги исполнува условите да биде на примарното гласачко ливче, со оглед на тоа што во уставот на Вермонт нема пропишано возраст над која едно лице би можело да се кандидира за гувернер. Услов е кандидатите да живееле најмалку четири години во државата пред изборите. Итан го исполнува условот. Овој очигледен превид од страна на основачите на државата пред повеќе од 225 години бил доволен за да го поттикне политички свесниот тинејџер да ги собере потписите потребни за да биде кандидат на примарното гласање.

– Мислам дека мојата порака и платформата ја засенуваат возраста. На нас е да ја изградиме својата иднина. Мора да се ангажираш, да гласаш, да тропаш на врати. Кога ќе се ангажираме, ја правиме нашата демократија посилна – изјавил Сонеборн, додавајќи дека неговата одлука да се кандидира била поттикната од фрустрацијата од државата и националната политика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...