Двајца рудари загинаа вчера кога врз нив се одронила наслага од земја во рудникот за боксит „Милиќ“ во близина на босанскиот град Сребреница, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила во претпладневните часови, но спасувачките тимови дури синоќа ги пронашле безживотните тела на двајцата рудари на возраст од 44 и 30 години.
Причините за одронот на земјата засега не се познати.