1,3 милиони туристи се очекуваат годинава

33

Во 2019 година проценуваме дека ќе имаме 3 до 5 проценти зголемување на бројот на туристите и од 5 до 7 проценти пораст на ноќевањата, а очекуваме годинава да имаме околу 1,3 милиони туристи, информираше директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Тој додаде дека полека македонскиот туризам се приближува кон волшебната бројка од четири милиони ноќевања и дека генерално 2019 е добра година за туризмот по големиот пораст лани.

– Затоа, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекува зголемување на бројот на туристите и пораст на остварените ноќевања – вели Јаневски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...