13 луѓе загинати при уривање на зграда во Камбоџа

39

Најмалку 13 луѓе загинаа откако вчера се урна зграда во изградба во градот Сихануквил, во јужниот дел на Камбоџа.

Најмалку 23 лица се повредени, додека 36 работници се извлечени од под урнатините.

Сѐ уште се истражува причината за уривање на зградата, која е во сопственост на кинески инвеститор.

Според локалните власти четворица кинески работници се приведени

Објектот што се урна бил изграден од 70 до 80 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...