Девојче од Русија на возраст од само 13 години забременило од помлад од себе – од 10-годишно момче со кое заедно израснале.
Случајот е регистриран во една покраина во Сибир, а светските медиуми јавуваат дека детето (девојчето) планирало да го задржи бебето, а нејзините родители ја подржуваат во таа одлука.
Полицијата покрена и истрага, а за случајот е известен и лекар.
За момчето за кое се наведува дека е татко, нема многу детали, но педијатар од регионот изјавил дека се сомнева дека 10- годишното момче е татко на тоа дете.
– Теоретски тоа е невозможно, не знам ништо за овој случај, но мислам дека некој друг е татко на тоа дете. Иако може да се провери едноставно со тест и верувам дека ќе се направи таков тест – рекол тој.
Во Британија беше регистриран сличен случај, но по извршен ДНК тест се покажа дека 12- годишното момче не е татко на бебето како што се тврдеше.