Мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата ја користат 119.445 работници во државата. Во Скопје има 8.860 работотдавачи на 51.760 вработени лица, во регионот на Битола 4.230 работодавачи на 23.239 работници, во регионот на Прилеп 2.825 работодавачи мерката се однесува на 14.890 работници, во Струмица 2.656 работодавачи за 13.651 работник, Тетово 3.043 работодавачи за 10.498 работници и во регионот на Штип 4.151 рабодотавач кој се однесува за 26.844 работници
Ова се податоци на Управата за јавни приходи што денеска ги изнесоа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и директорката на УЈП Сања Лукаревска кои заедно со министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ ја посети компанијата „Босут“ за производство на хтз опрема во Куманово.
– На ниво на држава 119.445 работници ја користат мерката за субвенционирање придонеси за раст на плати, со што растат платите. Последните статистички податоци за декември, минатата година, покажуваат дека просечната плата расте рапидно и континуирано и го подобрува стандардот на работиците – истакна Царовска.
Таа додаде дека повеќе од половина од работниците во компанијата „Босут“ се субвенционирани преку последниот Закон за субвенционирање придонеси при раст на плати.
Сопстевникот на компанијата Драган Стефановски посочи дека користи два проекти, за инвестции и за субвенции од декември и истакна дека е добра мерка која и помогага на компанијата за развој.
– Мислиме дека со понатамошна соработка ќе имаме уште повеќе успеси и поголеми инвестиции – вели Стефановски.
Министерот за странски инвестиции, Хасани информира дека компанијата во 2017-та склучила договор со Владата, а во 2019 има склучено анекс за усогласување на промените согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
– Имаат аплицирано за три мерки, за зголемување на капиталните инвестции, поддршка за креирање нови работни места, поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот. Ни претставува посебно задоволство што оваа компанија изразила волја да склучи договор за три мерки,да аплицира за динансиска поддршка за три мерки, како што гледате законот овозможува компаниите да аплциираат за повеќе мерки и да добиваат финансиска поддршка согласно законските одредби – изјави Хасан.