Сто и дваесет графики создадени од четириесетина млади и талентирани уметници од Македонија и регионот во наредните две недели ќе бидат изложени во Музејот на Град Скопје.
Станува збор за триеналето на Графичката работилница Софија Богданци, кое се одржува по четврти пат.
Делата, направени во различни графички стилови и техники, беа создадени на последните три главни сесии на графичката работилница која традиционално се одржува веќе 12 години.