12 највалкани производи: На ова овошје и зеленчук се наоѓаат најмногу пестициди

Многу од овие производи на себе содржат голем број пестициди, особено спанаќот.

851

Секоја година Светската здравствена организација (СЗО) прави список од 12 најотровни производи кои се наоѓаат на полиците во продавница. Години наназад првото место убедливо го држат јагодите, меѓутоа нив ги следи спанаќот. Вкупно 230 различни пестициди и нивни производи пронајдени се во повеќе од 38.800 неоргански примероци.
Негативните здравствени ефекти можат да се појават кај деца кои само за момент се изложни на ваквите пестициди.
Истражувањето покажало дека изложеноста на пестициди на дневно ниво негативно влијае на плодноста кај жените, за 26 отсто, а кај мажите се намалува квалитетот на спермата.

Ова е списокот на 12. највалкани и најотровни производи од пазар:
– Јагоди ;
– Спанаќ;
– Нектарини;
– Јаболка;
– Грозје;
– Цреши;
– Круши;
– Домати;
– Целер;
– Компир;
– Блага пиперка.

А, оваа година на „баксузното“ 13-то место се најде и лутата пиперка.

Многу од овие производи на себе содржат голем број пестициди, особено спанаќот. Пестицидите можат да влијаат различно по човековото здравје: рак, хиперактивност, труење и друго.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...