Трамп забрани трансексуалци да служат во армијата на САД

Трамп го изненади минатата година раководството на Пентагон со најавата дека ќе го отфрли планот на својот претходник Барак Обама да се овозможи на транссексуалци да служат во армијата.

220

Претседателот на САД Доналд Трамп издаде наредба, со која забранува транссексуалци да служат во армијата, освен „при ограничени околности”.

Да се ​​задржат војници со историја или дијагноза „полова дисфорија”, кои можат да имаат потреба од значителна медицинска терапија, е „значителен ризик за ефикасноста на војската”, посочи Белата куќа.

Поимот „полова дисфорија” се користи за означување на чувството за недостиг на синхронизација помеѓу половиот идентитет и надворешниот изглед.

Трамп го изненади минатата година раководството на Пентагон со најавата дека ќе го отфрли планот на својот претходник Барак Обама да се овозможи на транссексуалци да служат во армијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...