Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерва од 19 часот ќе биде отворен 11. Скопје постер фестивал, кој годинава ќе се одржува под мотото „Моќта на плакатот” и ќе може да се посети до 6 декември.
На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 плакати на тема „Моќта на плакатот”, дела од специјалниот гостин Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните десет фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето насловена „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.
Специјалниот гостин Славимир Стојановиќ Футро пред македонската публика утревечер во 19 часот во книжарницата „Литература.мк” ќе го претстави и својот роман со илустрирани раскази насловен „Девет”.