10.000 молњи светнаа во Северна и Централна Грција

77

Системот за регистрација на молњи „Зевс“ на грчката национална опсерваторија, во текот на вчерашниот ден регистрирал 9.900 молњи во Централна и Северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчера, од рано наутро до попладневните часови, централниот и северниот дел од земјата го зафати невреме со силни врнежи од дожд и грмежи, а во одредени области бил регистриран и град.

Силното невреме, но со кусо времетраење, создаде мали проблеми во процесот на гласање во Солун, кога дел од гласачите ги затече на избирачките места, па мораа да чекаат за можат да си заминат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...