Џ. К. Ролинг го подготвува сценариото за „Фантастични ѕверки 3“

Премиерата на „Фантастични ѕверки 2: Злосторствата во Гринделволд“ е предвидена за 16 ноември оваа 2018 година.

76

Британската писателка Џ. К. Роулинг го пишува сценариото за третиот од засега планираните пет филма од приказната „Фантастични ѕверки“, којашто всушност е претпродолжение на светски популарниот серијал книги „Хари Потер“.

– Штотуку го завршив мојот последен роман, а сега го пишувам сценариото за „Фантастични ѕверки 3“. Ворнер Брос, како и режисерот Дејвид Гејтс секогаш слушаат што имам да кажам, иако тоа не мора да биде последниот збор. Сето тоа е колективна работа, изјави Роулинг

Премиерата на „Фантастични ѕверки 2: Злосторствата во Гринделволд“ е предвидена за 16 ноември оваа 2018 година.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...